UOK — Увоз од Кина

Ти знаеш штосакаш да продаваш.UOK ја организиранабавката од Кина.

Испрати фотографија и кажи ни колку парчиња ти требаат. Ние ја бараме, ја проверуваме и ти праќаме една понуда — со сè што влегува во цената до Македонија.

Види како работи

Барањето и понудата се бесплатни. Плаќаш дури откако ќе ја потврдиш понудата.

Пример за барање: испратена фотографија со количина од 500 парчиња, пребарување преку мрежата во Кина и подготвена понуда.

  • Ти продаваш, ние увезуваме

    Си немаш работа со шпедиција, документи и царина.

  • Толку чини, толку плаќаш

    Цената ти е крајна, немаш доплаќање.

  • Ако не вреди, ќе ти кажеме

    Не земаме барање само за да се каже дека сме го земале.

Ти не увезуваш ништо.Ти купуваш.

Ние ја нарачуваме стоката од Кина, ја носиме до Македонија и ти ја предаваме по договорената цена. Увозот воопшто не е на твое име.

АКО УВЕЗУВАШ САМ

  • Проверка дали фабриката е вистинска
  • Меѓународен превоз
  • Шпедиција
  • Царина
  • ДДВ при увоз
  • Банкарски трансфер во странство
  • Домашна достава
  • Ризик од неисправни парчиња
  • + што уште не си пресметал
ВКУПНОне знаеш додека не заврши

КОГА КУПУВАШ ОД UOK

Не бараш сам фабрика.Не го организираш увозот.

Нашите контакти работат и за твојата нарачка.

Купуваме директно од проверени фабрики со кои веќе соработуваме. Ги проверуваме деталите за твојот производ пред да нарачаме.

Од плаќање во Кина до достава кај тебе — средуваме ние.

Не се занимаваш со меѓународни трансакции, транспорт, шпедиција, документи и царина.

7+ години со истите фабрики50+ агенти во Кина

Пред да нарачаш, знаеш колку ќе те чини стоката кај тебе.

Една крајна цена. Без доплаќање.

Можеш да нарачаш и без сопствена фирма.

ЗОШТО ПОСТОИ UOK?

UOK не започна како бизнис-идеја.Започна како проблем што моравме да го решиме.

Немавме еден одговор. Моравме да го научиме целиот процес.

  • Од кого да го купам?
  • Дали производот е навистина тој?
  • Колку ќе ме чини до Македонија?
  • Кој ќе го организира транспортот?
  • Кои документи се потребни?
  • Што ако нешто тргне наопаку?
ТИ СЕ ФОКУСИРАШ НА ПРОДАЖБАТА.НИЕ НА НАБАВКАТА.

Како да нарачаш преку UOK

Од избор на производ до преземање на стоката.

  1. Кажи ни што ти треба

    Испрати фотографија, линк или опис на производот и приближна количина.

  2. Ние го проверуваме

    Проверуваме кај фабриката дали може да го набавиме во бараната количина и со потребната документација.

  3. Ја добиваш цената и одлучуваш

    Ти ја кажуваме крајната цена по парче. Нарачуваме само откако ќе ја потврдиш.

  4. Ја добиваш стоката

    Ние ги средуваме набавката, превозот и царинењето. Ти ја преземаш стоката по договорените услови.

Во таа цена е сè ова.

  • Наоѓање и проверка на фабрика
  • Преговарање за цена
  • Контрола на квалитет
  • Извозна и увозна документација
  • Транспорт и царинење
  • Достава до тебе

Ти не организираш ниту едно од нив.

На секои три месеци тргнува наша збирна пратка.

Тоа е најисплатливиот начин — делиш простор со други пратки наместо да плаќаш празен контејнер. Затоа цената по парче излегува пониска.

ЕДЕН КОНТЕЈНЕР, ПОВЕЌЕ ПРАТКИ

ТВОЈАТА

Плаќаш за својот простор, не за целиот контејнер.

АКО ТИ ТРЕБА ПОИНАКУ

Организираме и посебен транспорт, зависно од производот и рокот.

  • Авионски
  • Поморски
  • Друмски
  • Контејнерски

Дали твојот производ може?

Ова се категориите што најчесто ги носиме.

  • Beauty и лична нега
  • Производи за дом
  • Корисни уреди
  • Фитнес додатоци
  • Производи за миленици
  • Детски производи
  • Амбалажа и означување

Не го гледаш твојот? Тоа не значи не.

Испрати го и ќе ти кажеме дали може. Бесплатно и без обврска.

Веќе продаваш нешто?

Најлошо време да бараш залиха е кога веќе си останал без производ. Испрати ја постоечката спецификација и количината пред да ти заврши.

Сакаш сопствен бренд?

Кажи ни што сакаш да се смени во производот, пакувањето или означувањето. Ќе провериме што е возможно.

Прашања

Фотографија, линк или краток опис — и приближно колку парчиња ти требаат. Ако не си сигурен за количината, кажи приближно.

Да. Screenshot од TikTok или Instagram е доволен. Не мора да го знаеш името, брендот или спецификацијата — тоа е нашата работа.

Да. Ти не увезуваш ништо — ние ја увезуваме стоката и ти ја продаваме веќе тука. Затоа не ти треба регистрирана фирма.

Услугата не се наплаќа одделно. Ти ја кажуваме цената по парче и тоа е сè што плаќаш. Ако не ја потврдиш, не плаќаш ништо.

Стоката ја купуваме ние и ти ја продаваме. Нашата заработка е веќе внатре во цената што ти ја кажавме — затоа таа цена не се менува.

Ти не плаќаш царина ниту трошоци за увоз, затоа што не увезуваш ти. Ние ја внесуваме стоката и ти ја продаваме тука.

Не. Прво ја добиваш цената, ја разгледуваш и одлучуваш. Испраќањето барање не е нарачка.

За ова е подобро да се слушнеме

Одговорот е поинаков за секој производ и секоја количина, па нема смисла да пишуваме „зависи“. Остави број и ќе те побараме.

  • Минимална количина за твојот производ
  • Кога и како се плаќа
  • За колку време стигнува
  • Што ако стигне неисправна стока

Испрати една фотографија.Останатото е на нас.

Кажи ни што сакаш да продаваш и колку парчиња ти требаат. Ти ја кажуваме крајната цена — ти одлучуваш.

Барањето е бесплатно и не е нарачка. Плаќаш дури откако ќе ја потврдиш цената.

Не прифаќаме неограничен број барања — секое се разгледува посебно.